Швајцарија ги предизвика хакерите, кои ќе успеат да го пробијат нејзиниот систем за електронско гласање од најновата генерација, ветувајќи награда од 150.000 швајцарски франци или 132.000 евра.

Федералната влада соопшти дека од 25 февруари до 24 март ќе организира анонимно гласање и ги повика заинтересираните компјутерски генијалци, кои сакаат да си го проверат своето знаење, да се пријават на адресата https://onlinevote-pit.ch.

Учесниците ќе можат „да се обидат да манипулираат со поднесените извештаи, да ги читаат, да ја нарушуваат тајноста на гласањето и да ги извадат од системот или да ги заобиколат заштитните механизми, што ги штитат како извештаите, така и податоците за безбедност„.

Големата награда од 50.000 швајцарски франци ќе ја добие тој што ќе успее да манипулира со извештаите, без да биде откриен. Нарушувањето на тајноста на гласањето ќе се награди со 10.000 швајцарски франци, а уништувањето на електронските траги носи 5.000 франци.

Иако не е наведено, сепак се претпоставува дека, според вкупната најавена сума, ќе бидат доделени по две од секоја награда.