Договорот со Грција штетен и треба да се отфрли, овој договор е против македонските национални интреси и против македонската држава, бидејќи е диво месо вметнато во здрав организам, кое не гуши и допрва ќе не влече надоле ако не се спротиставиме, пореча од Охрид лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Опозицискиот лидер е убеден дека по референдумот нема да дојде, туку така европската иднина, која како што вели ни ја преставуваат со толку многу розеви очила.

Македонија со оваа власт, истакна Мицкоски, ќе остане во чекална за Европската Унија.

Протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид

Во живо од Протестниот марш на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид

Posted by Hristijan Mickoski on Sunday, 23 September 2018

Ги видовме невредностите и непринципите на Заев. Тие се викаат евро за Вицето евро за Црквата, човекот кој од Валадново порача дека ќе јадел живи луѓе, а сега сака да ја изеде Македонија. Погрешен е овој човек, не е ова патот. Па вели дека Македонија била кајче среде езеро и требале да сме извеслале со плаките, како што Заев ги именува веслата, до површината, на брегот. Па продолжува ако сме го земале само едното весло ќе сме вртеле во круг. Но Зоране нели гледаш дека не е до веслата. До тебе е. Токму ти со секој изминат месец на власт правиш се поголема дупка на кајчето и водата влегува. Ги вадиш даските, ги кршиш клиновите, правиш се поголеми отвори, со тебе кајчето е се повеќе со вода полно и тонеме како држава се повеќе и повеќе. Македонија се помалку ја има, рече Мицкоски.

Мицкоски тврди дека ВМРО ДПМНЕ нема план за бојкот или апстиненција.

Ниту тајни комитети како што некој сака да каже, ниту било што друго се со цел да се мистифицира и заплаши народот

Уште еднаш го повтори ставот на партијата дека остава народот сам да одлучи како ќе постапи, бидејќи сите аргументи се на маса, со сите лоши страни штетни за државата.

Народот е пред голема одлука, истакна опозицискиот лидер.

Мицкоски повика:

На денот на реферндумот станете и размислете и ве молам секој еден од вас, размислете дали живеете подобро со овие луѓе на власт и дали овој договор ќе донесе иднина каква што ја посакувате. Слушајте го вашето срце и расудете со разум и мудрост. Македонија  е нашето се.