Пред Собранието утре во 13 часот ќе се одржи мирен протест во организација на „Канцерогено општество“ .
Кристијан Узунов кој е дел од иницијативата најави дека од Собранието потоа ќе се упатат и до Владата.
„Добредојдени се сите загрижени граѓани, еко активисти, експерти, доктори кои ќе можат преку конкретни идеи и предлози да помогнат да изнајдеме најдобро и најбрзо решение. Утре на протестот ќе бидат искажани нашите барања со цел заедно да го смислиме најдоброто и најбрзото решение зошто време немаме“, рече Узунов.
Тој апелираше до власта и до опозицијата да не го злоупотребат утрешниот протест за свои цели. Потенцираше дека не се поддржани од ниту една партија.
„Апелираме да дојдат сите искрено загрижени граѓани кои ќе дадат се од себе во рамки на законите да изнајдеме решение. Досега имавме можност да видиме колку сегашните институции се подготвени во решавање на оваа аларманта состојба и поради тоа ни е потребна масовносот од сите граѓани. Да успееме да се избориме сами за подобра и почиста животна средина“, рече Узунов.
Според него, проблемот со загадувањето одамна требало да биде решен. Властите, институциите и сите надлежни досега, како што рече, се обидуваат да дознаат кои и се главните причинители, а веќе требаше да биде решена состојбата. Порачаа дека се потребни долгорочни мерки, а не мерки кои удираат по џебот на граѓаните
Меѓу барањата на граѓаните се свикување итна владина седница, вклучување експерти и граѓански сектор во контролите кон големите загадувачи. Очекуваат од граѓаните да ги поддржат и заедно да ги надополнат барањата за изнаоѓање најдобро решение
Comments are closed for this post.