Веројатно ќе бидам првиот кој ќе добие двојазичен пасош, согласно Законот за употреба на јазиците и кој ќе се води на новото име на државата, Република Северна Македонија. Ова во синоќешното интервју за „Алсат М“ го изјави премиерот Зоран Заев.
Но, премиерот Заев нема да биде прв само според бројот 001 на неговиот нов пасош. Тој ќе биде прв и веројатно единствен во светот и по нешто друго. Премиерот на Република Северна Македонија, име што тој гордо го користеше во интервјуто со ограда дека само формално е се уште Република Македонија, ќе биде премиер, кој ќе стои под химна на држава, која повеќе нема да постои! И прашање е дали ваков пример имало, има и ќе има во светот!
Денес над Македонија се раѓа
ново сонце на слободата!
ново сонце на слободата!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Одново сега знамето се вее,
на Крушевската република!
Гоце Делчев, Питу Гули,
Даме Груев, Сандански!
Гоце Делчев, Питу Гули,
Даме Груев, Сандански!
Горите Македонски шумно пеат,
нови песни, нови весници!
Македонија слободна,
слободнo живее!
Македонија слободна,
слободнo живее!
Настрана претрпените измени од оригиналната верзија на текстот, со Договорот од Преспа не се предвидува менување на македонската химна. Но, со него и со веќе усвоените амандмани, со исклучок на членот 36 во кој, заради историското значење, единствено останува само Македонија, секаде каде стои Република Македонија се менува во Република Северна Македонија, а само Македонија во Северна Македонија.
Во ниту еден момент од целиот процес на промена на името на државата не беше споменат текстот на химната, освен тврдењето дека таа нема да се менува. Притоа, не беше дадено образложение како тоа за уставниот чл.36.
Во текстот на химната Македонија се споменува четири пати. Тоа значи дека согласно Договорот од Преспа и уставните амандмани, по автоматизам треба да се смени во Северна Македонија. Во спротивно, без соодветно толкување, па било тоа да е исто како и за споменатиот уставен член, Република Северна Македонија ќе има химна на веќе непостоечка држава.
Comments are closed for this post.