Само што добив информација од генералниот секретар на Венецијанската комисија, г-дин Томас Маркерт, дека согласно правилата на Комисијата, владин притисок од каков било вид врз национален претставник НЕ Е ДОЗВОЛЕН и дека писмото е веќе доставено до кабинетот на Османи и на Заев. Да имавме слободно новинарство јавноста веќе ќе беше информирана. Ама немаме!, напиша на нејзиниот фејсбук профил професорката Тања Каракамишева.

Ваквата реакција на Каракамишева следува по изјавата на вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи околу тоа дали Законот за јазиците треба да се испрати на мислење во комисијата додека Каракамишева е наш претставник.