Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев не ја отфрла можноста претседателскиот кандидат на неговата партија да биде етнички Албанец. Тој во емисијата „Програма 200“ на Алсат – М изјави дека на последната анкета која што ја нарачале имало 10 имиња со двајца Албанци меѓу нив.

Заев е убеден во победа на нивниот кандидат на претседателските избори, а испитувањата на јавното мислење, како што вели, ќе го дадат одговорот на прашањето кој е најдобриот кандидат.

Конечната одлука за, според него зависно од одржувањетоо на изборите, ќе биде кон средината или на крајот на Февруари.

На последната анкета со којашто склучивме договор и дадов да анкетираат имам 10 имиња од коишто две се албански имиња, изјави Заев.

Интервјуто на Заев можете да го погледнете на овој линк. Одговорот на прашањето за кандидат за претседател Албанец е на 32 минута.