Иван Лотески од охридската населба Варош беше најуспешен и меѓу неколкуте стотини верници го извади Чесниот крст што во осветените води на Охридското Езеро го фрли митрополитот Дебарско-кичевски, владиката Тимотеј.
„Не очекував и оваа година, многу сум изненаден. Имав среќна година, се надевам дека и оваа пак“, изјави Лотески.
Пеејќи ја песната на Богојавление, Лотески се упати да биде даруван од владиката Тимотеј, кој го даруваше со златно ланче со крст, додека Општна Охрид му поради икона.
По ова, фаќачот на крстот тргнува куќа по куќа, за да ја сподели радоста и да им донесе среќа со светиот крст на домаќините.
Традиционално манифестацијата по повод православниот празник Богојавление – Водици во Охрид ја следат илјадници верници и гости како од градот така и од околните градови, но и пошироко.
Годинава температурата на водата е најладна во споредба со изминатите години и изнесува 6 степени целзиусови.
Comments are closed for this post.