Албанските студенти се определени да останат заклучени на факултетите, истакнаа тие денеска. Студентите не помислуваат да го прекинат штрајкот иако го нарушуваат нормалниот наставен процес.
Денес е петти ден како студентите се заклучени внатре на факултетите и истакнуваат дека таму ќе бидат се додека премиерот Еди Рама во целост не ги исполни нивните 8 барања.
Некои од студентите изјавија дека додека штрајкуваат заклучени на нивните факултети тие добивале закани по телефон да престанат со штрајкот или ќе се соочат со последици. Повиците биле анонимни. Но, и покрај заканите студентите велат дека продолжуваат да штрајкуваат.
Нема да попуштиме, изјавил еден студент.
Од друга страна, денес се огласил и деканот на Факултетот за Историја и Филологија, Сабри Лаци, кој ја искажа отворената поддршка од Факултетот за студентите. Тој информираше дека професорите ја осудиле интервенцијата на полицијата во универзитетските простории спрема студентите.
Го осудуваме влезот на полицијата во универзитетските простории, како и насилството кон нив, истакнуваат професорите во писменото соопштение.
Comments are closed for this post.