Грчката комунистичка партија (ККЕ) по одржувањето на партискиот Централен комитет издаде соопштение во кое критички се осврнува на кавгата меѓу премиерот Ципрас и министерот кој си поднесе оставка, Каменос, оценувајќи го тоа како провидна игра. Според ККЕ, Алексис Ципрас оди на гласањето за доверба на Владата, при што однапред се знае дека тој неа ќе ја добие, а Панос Каменос излегува од кабинетот, но ја задржува својата парламентарна група.
Ова е развој на настаните кој им одговара на двајцата. Ципрас да ја спаси Владата, а Каменос да ја чува парламентарната група…ККЕ гласа против Владата без разлика на каков било развој на настаните во парламентот…Покрај тоа, Преспанскиот договор, кој е иницијаторот на политичките случувања, е клучниот аспект на најкомплетниот план на САД-НАТО во регионот, а и Ципрас и Каменос му служеа многу конзистентно, со што ја претворија Грција во огромна американска воена база…Ова е влада која има дадено конкретни ветувања на САД, НАТО и на Германија, се наведува во соопштението на грчката Комунистичка партија.
Comments are closed for this post.