Сите образовни институции во Косово денеска стапија во генерален штрајк, со основно барање за зголемување на платите на вработените во образованието.
Централниот штрајкувачки одбор во образовниот сектор бара покачување на предвидените коефициенти во нацрт-законот за платите на вработените во образованието и културата, до нивото на оној за службениците во другите јавни сектори, што би значело зголемување на сегашните плати за 30 отсто.
Освен тоа, се бара целосно спроведување на колективниот договор за образованиети, склучен меѓу Министерството за образование, наука и технологија и Обединетите синдикати на образованието, науката и културата на Косово.
Нацрт-законот за платите моментно се наоѓа на разгледување во Комисијата за јавна администрација и медиуми во Собранието на Косово и се очекува со скратена процедура да биде усвоен на една од наредните собраниски седници.
Comments are closed for this post.