По изјавата на министерката за туризам на Грција, Елена Кундура дека ја поддржува грчката Влада, Панос Каменос, преку неговиот официјален Твитер профил ја отстрани од пратеничката група на Независни Грци,

Госпоѓа Кундура преку официјално соопштение одлучи да го замени нејзиниот глас и името на Македонија со министерската фотелја. Уште од сега ја ставам вон пратеничката група на Независни Грци, напиша Каменос на неговиот официјален Твитер профил.

Како што претходно објави МИА, Кундура, преку изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА, рече дека ја поддржува владата и порача дека не преговара за нејзиното право да гласа онака како што и налага совеста.

По министерката за туризам, Елена Кундура и заменик министерот за земјоделство, Василис Кокалис е отстранет од пратеничката група на Независни Грци.

Исто како и за Кундура, така и за Кокалис, лидерот на партијата, Панос Каменос реагираше преку неговиот официјален Твитер профил, јави дописничката на МИА од Атина.

-Василис Кокалис иако се наоѓа во фаза на преговори од Кина за неговиот глас за националното прашање доволна е неговата намера за замена на позицијата за да биде отстранет од пратеничката група на Независни Грци, напиша Каменос на Твитер.

Заменик министерот за земјоделство претходно, како што веќе објави МИА преку писмена изјава за медиумите, од Кина, каде што е дел од владината делегација, рече дека ќе ја поддржи Владата на Алексис Ципрас