Шесте пратеници кои се потребни за да помине Договорот од Преспа се веќе обезбедени, пишува грчкиот весник „Ефимерида“. Според весникот, начинот на кој ќе се дојде до потребната бројка многу наликува на случувањата во соседната земја.

Шестмината пратенци доаѓаат од партијата Независни Грци, чии лидер Панос Каменос, поднесе оставка бидејќи не се согласува со Договорот од Преспа.

Врз овие пратеници Каменос нема контрола и се закани дека ќе бидат исклучени од партијата доколку гласаат за Договорот.

Задачата на овие пратеници најпрво ќе биде да гласаат за доверба на владата, а потоа да да дадат поддршка за Договорот  од Преспа во Парламентот како и за ратификацијата за членство во НАТО.

Речиси сите пратеници без исклучок ќе добијат награда за гласањето, од министерски, градоначалнички места или пак нов мандат на следните избори.