Ракометниот репрезентативец Филип Талески смета дека утрешниот меч со Хрватска (18 часот) ќе биде клучен за натамошниот пласман на Светското првенство во ракомет кое е во тек во Германија и во Данска.
Треба да бидеме максимално фокусирани. Тоа за нас е клучниот меч. Ќе се подготвиме максимално и ќе бидеме подготвени, изјави по натпреварот со Бахреин Талески.
Македонската репрезентација утре ќе се соочи со Хрватска, а потоа ќе следуваат дуелите против Шпанија и против Исланд.
Македонската ракометна репрезентација е со максимален учинок по двата одиграни напревара од прелиминарниот групен сегмент на Светското првнество. Забележа и победа над Бахреин и сега е во очекување на дуелите со драстично посилните протвници, веќе утре против Хрватска.
Не беше лесно, можам да кажам дека Бахреин е квалитетен противник, ќе имаат шанса да изненадат некој од фаворитите. Одигравме максимално во одбрана каде и што го добивме натпреварот, рече Талески.
Comments are closed for this post.