Сопственик на еден токиски ресторан потроши рекордни 2,7 милиони евра за да купи црвена туна на рибниот пазар Тојоса во Токио.
Оваа сума беше постигната на аукцијата за џиновската риба тешка 278 килограми.
Туната ја купи Кијоши Кимура, сопственик на синџирот суши-ресторани „Занмај“.
Јапонците се големи љубители на туна, којашто ја јадат сирова како суши или сашими. Оброк со ваков вид на туна во подобрите ресторани во Токио чини околу 3.000 јени или 23 евра.
Comments are closed for this post.