Оваа година Холандија и остатокот од светот одбележуваат 350 години од смртта на Рембрант ван Рејн.

За време на целата година ќе бидат организирани специјални изложби и промоции во пред сè водечките холандски музеи. Програмата започнува во амстердамскиот Рајскмузеум на 15 февруари со изложба на 400 слики, цртежи и принтови од колекцијата, наречена „Сите Рембранти“, а завршува на 11 октомври со „спарување“ со холандскиот мајстор и негов шпански современик Диего Валаскез.

Холандската Влада од 2018 воведе мерка со која сите ученици мораат барем еднаш во текот на своето школување да ги погледнат уметничките дела на Рембрант.

Во Британскиот музеј во фокус ќе бидат Рембрандовите дела на хартија (7 февруари – 4 август), во Градскиот архив на Амстердам пак, ќе биде отворена изложбата под наслов „Приватниор Рембрант“ (до 7 април), додека во куќата на уметникот во Амстердам ќе се истражува „Рембрандовата друштвена мрежа: семејството, приателите и познаниците“ (1 февруари – 19 мај).

Холандски младоженци – создадени во 1634 година. Во историскиот договор од јануари 2016 Франција и Холандија се договорија заеднички да ги купат двата портрета за сума од 160 милиони евра од колекцијата на францускиот огранок на семејството Ротшилд. Отогаш тие се вратени во татковината.

Уметничкиот центар „Агнес Едеринтон“ при Краличниот универзитет во Канада од 24 август до 1 декември организира поставка „Лајден око 1630“: Појавата на Рембрант. Пинакотеката во Минхен ќе се фокусира на графичките достигнувања на уметникот, додека музејот во Келн во соработка со Навионалната Галерија на Прага од 31 октомви ќе ја понуди изложбата „Рембрант: Драма во пет чина“. Лувр Абу Даби од 14 февруари до 18 мај организира амбициозна поставка „Рембрант. Вермер и холандското Златно доба“.

Рембрант Херменсон ван Рејн роден е веројатно највлијателниот холандски сликар и еден од најголемите сликари во европската историја на уметноста. Неговите допринеси во уметноста се случиле во текот на златното време на холандското сликарство (за време на 17 век) кога холанѓаните го достигнале зенитот на нивната моќ низ светот, нивното политичко влијание, наука, трговија и култура (особено во сликарството).