Српскиот претседател, и лидер на владејачката партија во Србија СНС, Александар Вучиќ, изјави дека не планира да распише предвремени избори, образложувајќи го таквиот став со водење сметка за државните интереси. Официјален Белград се соочува со протести на опозицијата, којашто бара исполнување на низа услови, како воспоставување на слобода во медиумите, за да има нови избори, но Вучиќ смета не е време за такво нешто.
Да се водев според партиските интереси, ќе распишев избори уште пред 15 денови, но јас морам да се грижам за Србија. Се наоѓаме во процес на многу значајни преговири со Косово, пред се околу укинувањето на таксите на Приштина – изјави Вучиќ.
Српскиот претседател додаде дека власта има целосен легитимитет да ја води државата, но дададе дека доколку народот е против него, тогаш тој е подготвен тоа да го провери.
Прашањето за легитимноста е клучно. Никогаш не би сакал да седам во фотелја и да бидам некоја голема власт, а за тоа да ја немам поддршката од народот. Никогаш нема сите да бидат за вас, но ако ја немате поддршката од мнозинството тогаш власта не е таму каде што треба да бидете – додаде Вучиќ.
Comments are closed for this post.