Премиерот на Грција, Алексис Ципрас, денес беше на отворањето на метро станицата Синтривани на солунското метро кое се уште не е изградно, а првите возови најверојатно ќе се движат под земја некаде во 2020 година.
Повеќе лидери на политички партии за овој настан рекоа дека е евтин театар, односно предизборна пропаганда.
Ципрас во својот говор рече дека станува збор за прва станица комплетно готова, и објасни дека поради повеќето археолошки наоѓалишта целиот проект доцни.
Метрото ќе сообраќа од аеродромот (исток) до западните предградија, кои како што истакна Ципрас, „сите влади досега ги заборавале“ тие жители.
-Во 2020 Солун ќе биде поинаков град-истакна Ципрас.
Од партијата Потами денес соопштија дека премиерот не продаде ниту една карта за брзиот воз „сребрена стрела“, ниту сега за метрото. „Комична изведба на Сириза“, велат од Потами.
Во другите реакции, пак, се наведува дека „овој перформанс наликувал на Потемкиновите села“.
Инаку супер брзиот воз „сребрена стрела“ беше промовиран во септември годинава на Меѓународниот саем во Солун, но возот помина само неколку километри, колку да се покаже, а потоа беше кажано дека има многу недостатоци на пругата Атина-Солун за да може брзиот италијански воз безбедно да се движи по шините.
Comments are closed for this post.