Новинарот на етаблираниот американски портал Аксиос, Барак Равид, кој прв откри дека Американците ја блокирале израелската продажба на модифицирани „Ф-16“ на Хрватска, на истиот тој портал сега објави дека американскиот министер за одбрана во оставка Џејмс Матис, го одбил барањето на Израел и премиерот Бенјамин Нетанјаху, САД малку да „омекне“ околу продажбата на израелски авиони на Хрватска.
Израелско официјално лице рекло дека Нетанјаху го барал Матис пред две седмици, пред министерот да си поднесе оставка, и го прашал како би ги омекнал американските услови за продажба, пишува Равид и додава како Матис го одбил.
Од причина која не ја разбирам во потполност, Американците ги заострија своите услови, а ние лошо ја проценивме нивната позиција во договорот. Практично, работата со Хрватска е мртва и мислиме дека не е можно да се постигне договор кој ќе го задоволи САД и Хрватска, цитира Равид неименувано израелско официјално лице.
Тој додава дека Израел нема друг избор освен „да и се извини на Хрватска дека работата пропаднала“.
Американците немаат намера да попуштат и да дозволат Израел на Хрватска да и продаде модифицирани „Ф-16 барак“.
Секоја израелска продажба на американска воена опрема на трети страни мора прво да биде одобрена од САД.
Опозицијата во Хрватска побара оставка од Министерот за одбрана.
Amerikanci su jasno rekli u kakvom stanju avioni mogu biti prodani. Izvor tvrdi da to znači da do kupnje neće doći. Krstičević je morao znati pravila igre. Ili ih je ignorirao i obmanuo javnost, ili zaista nije znao – u oba slučaja mora otići. #politikahr https://t.co/xMddtB7pVD
— SDPHrvatske (@SDPHrvatske) December 27, 2018
Comments are closed for this post.