Грчката полиција уапси две лица во близина на Солун за нелегално пренесување мигранти, откако во напуштен магацин биле пронајдени 44 мигранти.
Полицијата открила паркирано комбе во близина на напуштениот магацин, од кој излегол еден 34-годишен странски државјанин, а потоа и 27-годишен негов соработник. И двајцата биле уапсени под сомнеж дека се криумчари на мигранти.
Во внатрешноста на магацинот беа пронајдени вкупно 44 нелегални мигранти, кои, како што произлезе од полициската истрага, во земјата влегле во изминатите денови преку дел од грчко-турската граница и биле пречекани од комбето со крајна дестинација Солун, за што дале паричен износ, соопштуваат од грчката полиција.
Според грчките медиуми, уапсените лица се од Романија.
Comments are closed for this post.