Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) го казни ФК Вардар со забрана за учество во европските натпреварувања.
Како што соопштија од УЕФА, Вардар нема да смее да игра во Европа следниот пат кога ќе се квалификува во текот на идните две натпреварувачки сезонаи (2019/2020 и 2020/2021). Покрај оваа забрана, „црвено-црните“ ќе треба да платат и парична казна од 100 илјади евра.
Европската куќа на фудбалот ја изрече оваа казна поради неисполнување на условите за финансиски фер-плеј, односно динамиката на исплаќање на обврските кон разни страни.
Олеснителна околност за Вардар е тоа што сузпензијата за неиграње во Европа е условна, односно таа нема да стапи на сила доколку клубот до 31 јануари ги исполни сите заостанати финансиски обврски заклучно со 30 септември 2018 година.
Оваа олеснителна околност не важи за паричниот дел од казната од 100 илјади евра, коишто вардарци секако ќе мора да ја платат.
Иста казна како Вардар доби бугарскиот Левски од Софија, а казнет е и Спортинг од Лисабон, но само со парична казна од 50 илјади евра, поради исплата на долговите надвор од зададените рокови од УЕФА.
Comments are closed for this post.