Рускиот ММА борец Анар Алахверанов е осуден на 18 години затвор поради тоа што пред една и пол година го претепа дигачот на тегови Андреј Драчев.

Тие почнале да се караат во кафуле за тоа кој спорт е подобар а караницата ја продолжиле на улица каде Анар со тупаници го нападнал Андреј.

Неодамна беше објавена снимка од безбедносните камери каде се гледа дека ММА борецот со нога го удира во глава а кога Андреј се обидува да стане добива уште неколку удари.

На судењето Анар уверувал дека не му била намерата да го убие, но залудно, си ја добил заслужената казна.

Ве предупредуваме дека видеото може да биде вознемирувачко.