Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, утре во Брисел ќе се сретне со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини, јави приштинската телевизија КТВ.
Средбата на поширока владина делегација, според телевизијата, ќе се одржи во рамките на процесот на спроведувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Косово и ЕУ.
Се очекува да се разговара и за создавањето на војската на Косово и за таксата од 100 отсто на увозот на производи од Србија и Босна и Херцеговина, одлуки на Владата на Харадинај на кои Могерини остро се спротивстави.
Од своја страна, косовскиот премиер ја обвинува првата дипломатка на ЕУ дека го задушува преговарачкиот процес, со нејзините „неприфатливи изјави за корекцијата на границите“.
Мислам дека Могерини го задуши и го поремети дијалогот. Од дијалог за нормализација го претвори во дијалог за територии и граници, за размена, што на Балканот подразбира дестабилизација. Таа реално му предизвика штети на нашиот регион – и со тоа што ја дозволува дискусијата, и со тоа што јавно се изјаснува за тоа. Жално е по една толку голема инвестиција на ЕУ да се дозволи едно вакво пореметување – изјави Храдинај минатиот вторник.
Comments are closed for this post.