Во сообраќајна несреќа што се случи рано утрово, животот го загубија тројца мигранти. Сообраќајката се случила на автопатот „Егнатиа“ меѓу грчките градови Кавала и Ксанти во североисточниот дел на Грција, кога автомобил во кој се превезувале излетал од патот, се превртел и се запалил.
Според локалните медиуми, живи изгореле три лица, тројца се повредени, а тројца останале неповредени. Најверојатно станува збор за нелегални мигранти.
Сообраќајната несреќа, според локалните медиуми, се случила околу 6.30 часот, на место на кое три часа претходно се превртел камион. Делот од автопатот бил затворен, а возачот на возилото во кое биле мигрантите не се прилагодил на насоките дадени од полицијата за пренасочување на сообраќајот. За да избегне судир со превртениот камион, излетал од патот, по што се запалил.
На истиот автопат меѓу грчките градови Кавала и Ксанти, во изминатиот период се случија неколку сообраќајќи во кои животот го загубија нелегални мигранти. Претпоставките се дека станува збор за криумчари, кои во обид да не паднат во рацете на полицијата, возат со голема брзина и ја губат контролата врз возилото.
Comments are closed for this post.