Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, испрати порака со сочувство до претседателот на Франција, Емануел Макрон, и до францускиот амбасадор во земјава, Кристијан Тимоние, по вчерашниот оружен напад на божиќен пазар во Стразбур. Во пораката, Мицкоски, во свое и во име на партијата, ги изразува шокираноста и тагата за немилиот настан, притоа испраќајки сочувство до францускиот народ и пред се за семејствата на жртвите и повредените, на кои им посакува брзо заздравување.
Длабоко го осудувам овој чин на насилство што е израз на срамни терористички активности. сигурен дека целосно ќе бидат истражени и решени и истовремено организаторите и извршителите ќе бидат изведени пред правдата. Овој настан покажува дека тероризмот останува глобален предизвик за целиот свет, но сигурен сум дека ќе не направи посилни и поупорни во обидите да постигнеме траен мир и добросостојба. Остануваме искрени пријатели на Француската Република и на францускиот народ – се наведува во пораката на Мицкоски.
Your Exellencies Emmanuel Macron, Christian Thimonier
With great sadness I have received the shocking news of the armed…
Posted by Hristijan Mickoski on Wednesday, December 12, 2018
Comments are closed for this post.