Планот Приштина да формира сопствена војска претставува кршење на Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН и уште еден дестабилизирачки и провокативен чекор по воведувањето на такса на производите од Србија и БиХ, соопшти денеска руското министерство за надворешни работи.
Приштина ги објави плановите на 14 декември да ја усвои одлуката за воспоставување на оружени сили, наведува руското министерство, и предупредува дека таквиот чекор би било директно и очигледно кршење на Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН 1244, која е единствениот меѓународен легален документ во врска со решението по косовското прашање.
Како што пренесува агенцијата „Тасс“, резолуцијата подразбира смо распоредување меѓународни мултинационални трупи во регионот.
Како што се наведува понатаму, Приштина се подготвува да преземе „уште еден детабилизирачки и провокативен чекор после воведувањето такси од 100 отсто на производите од Србија и БиХ“.
Comments are closed for this post.