Наташа Габер Дамјановска е нов директор на Академијата за судии и јавни обвинители. Поранешната судијка во Уставниот суд денес попладне е избрана со 8 гласа „за“ и еден воздржан.
За директор на Академијата „Павел Шатев“ покрај Габер Дамјановска имаше уште двајца кандидати – Мирјана Лазарова Трајковска (таа обезбеди 4 гласа „за“ и 5 воздржани) и Александар Марковски за кого деветмината членови на Управниот одбор се воздржаа.
Инаку, Академијата од октомври годинава ја раководеше в.д. директорката Вјолца Елмази.
Академијата денес не избра заменик директор, затоа што кандидатот не ги исполнил потребните услови, па се очекува да се распише нов конкурс.
Наташа Габер Дамјановска од 2008 до 2017 беше судијка во уставниот суд. Претходно беше вработена во Институтот за социолошки и правно-политички истражувања и е носител на докторска титула. Докторирала во 1995 година со дисертацијата под наслов „Мнозинството во системот на политичкото и парламентарното одлучување“ и се здобила со звање доктор по политички науки.
Comments are closed for this post.