Вицепремиерот Хазби Лика по неколку месеци, повторно почна да оди на работа во Владата, а денеска портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски рече дека тоа што Лика не доаѓал на работа, не е знак дека не ги исполнувал обврските.

Вицепремиерот ги извршува неговите обврски од административен аспект во рамки на Владата. Во одреден период не беше присутен на некои од владините седници, но тоа не значи дека не ги исполнувал неговите тековни обврски како вицепремиер. Во последниот период, вицепремиерот Хазби Лика редовно доаѓа на владините седници, рече Бошњаковски.