Македонските цариници спречиле шверц на ракија и цигари за Шведска, во два одделни случаи минатата недела на Аеродромот Скопје, информираше Царинската управа.
Во првиот случај, во три патни торби сопственост на македонска државјанка, биле пронајдени 13 штеки цигари со македонски акцизни маркички и 62 литри домашна ракија.
Во вториот случај, при контрола на патна торба на шведска државјанка со потекло од Косово, биле пронајдени 33 штеки цигари со македонски акцизни маркички.
Во двата случаи непријавените производи се привремено задржани а против патниците ќе бидат поведени прекршочни постапки.
Comments are closed for this post.