Додека Битолчани се гушат во смог, а Битола е еден од најзагадените градови во Европа, Наташа Петровска и нејзините директори се луксузираат со народни пари, рече денес Елена Трајчевска член на Советот на Општина Битола од ВМРО-ДПМНЕ.

„Прашуваме дали е вистина дека за јубилејната прослава на јавно претпријатие „Водовод“, кое е под капата на Петровска, СДСМ потроши не помалку туку 15 илјади евра, пари на граѓаните за алкохол, пијалоци и храна?, запраша Трајчвеска.

Таа притоа потсети дека неодамна и јавното претпријатие „Стрежево“ исто така се почастило со луксузна јубилејна прослава и тоа со виски, бајадери и други луксузни додатоци што можеа јасно да се видат од фотографиите кои излегоа во јавноста.

„Па, јавно го прашуваме директорот на ЈП „Стрежево“ дали овие луксузи се исто така платени со парите на граѓаните и колку народни пари беа потрошени за оваа луксузна забава? – додаде Трајчевска.

За скандалот да биде уште поголем, таа додаде дека директорот на ЈП „Водовод“ ја вработил сопругата на својoт колега од ЈП „Стрежево“ како водоинсталатор. „Граѓаните се прашуваат колку реално сопругата на директорот ќе ја извршува оваа функција или пак ова е уште едно од многуте непотистички сценарија на Петровска и СДСМ?“, рече на крајот Трајчевска.