Најмалку 100 цивили се повредени при напад со отровен гас извршен од страна на бунтовниците врз сирискиот град Алепо, објавија сириските медиуми.
Меѓу повредените има жени и деца, од кои некои се во критична состојба. Нападите биле извршени во трговски квартови во градот.
Командантот на сириските бунтовници Абдел-Салам Абдел-Разак ги отфрли тврдењата дека бил употребен отровен гас, објаснувајќи дека тие не поседуваат такво нешто, ниту имаат можност да го користат при напади.
Претходно, сириски официјален претставник изјави дека најмалку 50 цивили побарале лекарска помош поради проблеми со дишењето по бунтовничкиот напад.
Локалните медиуми, повикувајќи се на полициски извори, соопштија дека бунтовниците истрелале ракети наполнети со хлор.
Сириските безбедносни сили на овој напад одговориле со ракетирање на бунтовнички позиции.
Comments are closed for this post.