На интернет сешто може да се купи па дури и руско оружје.Да добро прочитавте, руската војска продава стари расходовани возила, тенкови и оклопни транспортери. Возилата се без топови и борбени компоненти.

Рускиот класик , тенкот Т-72 чини околу 350.000 долари а троши дури 450 литри дизел на 100 километри.

„ПТС-М“ е транспортно возило за совладување водени препреки со товар од пет тони. Многу е проодно и има сопстено греење. Се пробива секаде од вода до густа вегетација. Чини околу 28.000 долари.

АТС-59 е носач на артилериско оружје и може да носи три тони а сосе приколка 14 тони.Со него не може никогаш да заглавите без разлика дали сте во снег или вода. Овој, како што го нарекуваат воен трактор чини 12.000 долари.