На многу начини ние сме во исто време на ист брод и нашите напори се здружени, изјави шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров за проспектите за комплетирање на Преспанскиот договор.
Зборувајќи по 4. Министерска средба во Солун меѓу Грција, Македонија, Албанија и Бугарија, Димитров констатирал дека „е прашање на недели во создавањето иднина со решавањето на историските прашања“. Тој забележа дека „проблемите со кои сме соочени и тоа што го гледаме во Грција, за мене, се доказ дека сме постигнале добар компромис кој ги покрива повеќе важни прашања и грижи на двете страни и ние остануваме посветени да го истераме договорот до крај“.
На новинарско прашање за потерницата распишана по Никола Груевски, Димитров вели дека е тоа прашање на кое и македонската страна, но и поширокиот регион му посветуваат внимание.
„Владеењето на правото е многу важно за нас…ние имаме работа со случај на парадокс…но мислам дека меѓу закон на владетел и владеење на законите, ние треба да го прифатиме владеењето на законите“.
Димитров се осврнува и на средбата на заедничката комисија за учебниците, која, по состанокот има охрабрувачки резултати и најавува дека по усвојувањето на методологијата таа повторно ќе се сретне или кон крајот на оваа, или на почетокот на идната година.
Comments are closed for this post.