Како што наведува Спутник, дополнителните тензии ја внесуваат приказната за можен вооружен судир и создавање украинска воена база, како и мешање на Западот.
Брисел ја поддржа Украина во обвинувањата дека Русија сака да го присвои Азовското море и украинските пронаоѓалишта на нафта, и се закани на Москва дека ќе и воведе нови санкции ако конфликтот се заостри.
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини рече дека Европската унија може наскоро да преземе конкретни мерки по прашањето за ситуацијата во Азовското море. Конкретно, од Русија се бара да запре со политиката на задржување и преглед на бродовите.
Покрај тоа, Брисел изрази загриженост заради штетата која се нанесува не само на економијата на Украина, туку и на бродовите кои пловат под европско знаме.
Азовско море кое на север е опколено со украинска, а од останатите три страни со руска територија е прашање на двете земји, а Керчкиот залив се наоѓа под потполен суверенитет на Русија, и заради тоа во Москва сметаат дека мешање на трета страна е недозволиво.
Од Москва потсетуваат дека правилата за пловидба во Азовско море може да се регулираат само во рамки на руско-украинските договори и наведуваат дека проверката на бродовите се врши заради безбедноста не само на Русија, туку и на Украина и останатите бродови кој влегуваат во Азовско море под знаме на други држави.
Русија и Украина во 2003 година склучија договор за соработка и користење на Азовско море. После 10 години преговори одлучено е дека внатрешните водени површини се на Русија и Украина. Со тој документ се обезбедува слободно пловење на некомерцијалните бродови на двете држави и ги формулираат правилата за влез на бродови од трети земји во водите на Азовско море, така што странските бродови кои влегуваат во морето мора да имаат согласност од двете земји.
Меѓутоа, бидејќи не е спроведена демаркација на морската граница се случуваат судири на руските граничари и украинските рибари.
Ситуацијата на Азовско море се комплицираше на почетокот на годинава кога Украина го задржа рускиот брод „Норд“ со десет членови на екипажот, покревајќи тужба против нивниот капетан заради „незаконска посета на Крим“.
Членовите на посадата без капетанот, на кому му прети казна затвор од пет години заради посета на Крим, успеаја да се вратат на полуостровот дури по седум месеци, во рамки на размената за украински морнари притворени за криволов и кршење на границите со Русија.
Comments are closed for this post.