САД и порачаа на Јужна Кореја да не ги зајакнува односите со Пјонгјанг побрзо отколку што Пјонгјанг ги спроведува чекорите за откажување од своето нуклеарно оружје.

Американскиот секретар Мајк Помпео укажа на загриженост на Вашингтон до Сеул дека „се оди брзо“ со Пјонгјанг, пренесува агенцијата Ројтерс.

Ставивме јасно до знаење на Република Кореја дека сакаме да го осигураме мирот на полуостровот и денуклерализација на Северна Кореја да не заостанува позади јакнењето на меѓусебните односи на двете Кореи, истакна Помпео.

Како што додаде, САД двете Кореи ги гледа како тандем, кои напредуваат заедно.

Тој ова го изјави на првиот состанок на работните групи составени од официјални лица на Јужна Кореја и САД со цел да се координира работата во врска со севернокорејската политика.