Македонската фудбалска репрезентација ќе ги дознае ривалите во баражот за пласман на Светското првенство 2026 на 20 ноември, два дена по завршниот натпревар од мундијалските квалификации против Велс во Кардиф.
Жрепката за европските плеј-оф натпревари ќе се одржи во седиштето на ФИФА во Цирих, со почеток во 13 часот.
Македонските фудбалери сè уште имаат шанса за освојување на второто место во квалификациската група Ј, а има опција да биде дел од баражите и како еден од победниците од Лигата на нации.
Жрепката ќе го одреди патот што 22 селекции, шест преку плеј-оф турнирот и 16 преку европските плеј-оф натпревари, треба да го поминат за да обезбедат место на првото Светско првенство во историјата со 48 репрезентации, кое ќе се одржи во Канада, Мексико и САД од 11 јуни до 19 јули 2026 година







Comments are closed for this post.