Радоје Звицер, водач на Кавачкиот клан кој е во бегство во пресретнатите разговори на апликацијата „Скај“ открива дека директните извршители на ликвидацијата на водачите на Шкаљарскиот клан Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ на 19 јануари 2020 година во ресторан во Атина очекувале премногу пари за тоа убиство!, пишува „Курир.рс“.

– Аркан беше убиен за 200.000 марки. Сè уште не сум слушнал дека некој платил еден и пол милион евра, а ние дадовме толку – напишал Звицер на „Скај“
Милинко Брашновиќ Фајс, Љубомир Лаиновиќ Џихад, Марко Петковиќ и Драган Томиќ се именувани во обвинението како директни сторители на злосторството во Атина. Вељко Беливук случајно ги видел Дедовиќ и Стаматовиќ со своите семејства како влегуваат во ресторан во Атина и ги повикал сторителите кои чекале во станот веднаш да дојдат. Наводно, тие влегле во ресторанот „како војници“, се приближиле до масата каде што седеле „со жените и децата. Лаиновиќ пукал во Стаматовиќ, а Брашновиќ во Дедовиќ.
Дедовиќ и Стаматовиќ беа едни од стотината криминалци кои МВР под водство на поранешниот министер Оливер Спасовски им даде македонски пасоши.
Извор Курир.рс
Comments are closed for this post.