Премиерот Бојко Борисов им наложи на Министерството за внатрешни работи и на Државната агенција за национална безбедност да направат проверка на издадените бугарски документи за идентитетот на странски граѓани во последните пет години, соопшти владината прес-служба, објавуваат бугарските медиуми.
Премиерот побарал резултатите од проверката да се достапни во најкраток можен рок.
Кон крајот на октомври бугарското обвинителство се пофали дека разби група за трговија со уверенија за бугарско потекло, предводена од шефот на Државната агенција за Бугарите во странство. Според информациите, пасошите за новите Бугари се продавале за цена од 1.500 до 5.000 евра.
Comments are closed for this post.