Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ имаше уште една одлична вечер во дресот на Далас.На натпреварот во Хјустон присуствуваше и неговата мајка Миријам Потербин. Мирјам пред извесно време започна љубовна врска со бизнисменот Борис Пожега, познат како Пикси на кого му префрлила дел од правата за управување со брендот Лука Дончиќ. Поточно 40 отсто од компанијата. Меѓутоа, Борис ја измами Миријам, а потоа ненадејно исчезна во септември 2022 година.
Лука реши да ја тужи родената мајка барајќи таа да се грижи за брендот што го носи неговото име. Тој побара да се укине регистрацијата на трговската марка „Лука Дончиќ 7“, која е во сопственост на мајката, бидејќи Лука тогаш беше малолетен . Но сега односите меѓу мајката и синот се подобрени.
Comments are closed for this post.