Грчкото МНР писмено ги известило колегите министри и други меѓународни организации за обврската за патните исправи на Македонија од 12 февруари да мора да содржат „Cеверна“. Македонското МНР молчи за таквата постапка на Грција.
Министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис, со официјален допис до надлежните министерства го активирал Договорот од Преспа, објави „пресинг.гр“.
Поточно, во директивата што ја добиле министерствата на 30.01.2024 година, се потсетува дека на 12.02.2024 година е истечен петгодишниот технички преоден рок од член 1. ст. 10 потточка а.
Тоа значи дека сите официјални документи и материјали на Cеверна Македонија за меѓународна употреба треба да ја имаат само терминологијата од член 1(3) од договорот од Преспа.
За крај Герапетритис ги повикува министерствата да ги информираат надлежните служби, организации, федерации итн
Comments are closed for this post.