Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ сака по секоја цена да воведе задолжителен воен рок, но во 1998 година, за време на Татковинската војна, се „извадил“ да не оди во војска, пишува хрватскиот портал Индекс.

Актуелниот премиер наполнил 18 години во 1988 година. Се запишал на Правен факултет. Тогаш во Хрватска не било лесно да го избегне воениот рок, како подоцна, со повикување на совеста. Пленковиќ сепак успеал да се „извади“ на вродена т.н медитеранска анемија, односно мала таласемија.