Од Обвинителството тврдат дека не постои опасност фотографиите што ги објави Срѓан Ного да ја компромитираат истрагата и потенцираат дека ги имаат обезбедено сите потребни докази за утврдување на траекторијата на движењето на осомничените. Сепак, велат, лицата кои ги објавуваат овие видео снимки треба да размислат за етичноста на таквите објави и за вознемирувањето што го предизвикуваат кај семејствата на жртвите.

„Јавното обвинителство ги има обезбедено сите потребни докази за утврдување на траекторијата на движењето на осомничените. Од тие причини не постои никаква опасност за компромитација на истрагата со објава на снимки од видео надзор на објекти. Сепак, лицата кои ги објавуваат овие видео снимки треба да размислат за етичноста на ваквите објави и за вознемирувањето што го предизвикуваат кај семејствата на жртвите, велат од Обвинителство.

 

Политичарот за денеска најави нови фотографии