Во Градската општа болница „8 Септември“ се случил инцидент, откако вработен во болницата бил нападнат од страна на пациент.

Во 19.47 часот од ГОБ „8 Септември“ е пријавено е дека Д.Т.(36) од Скопје, вработен во болницата се здобил со повреда откако со нож му била нанесена расеченица од М.Н.(77) од Скопје, пациент во болницата, потврдија од МВР за МИА.

Според пријавеното, напаѓачот претходно во ходникот агресивно се однесувал и кон вработена во болницата.

Полициски службеници се излезени на местото на настанот, додаваат од МВР.