По долготрајно патување од илјадници километри во Мексико, првиот бран мигранти од Централна Америка стигна на границата на САД. Дваесетина луѓе преминаа преку граничната ограда која ги раздвојува Тихуана и Сан Диего на брегот на Пацификот цело време будно следени од амриканските погранични полицајци, кои не интервенирале.
По 20 минути, мигрантите се вратија на мексиканската страна на границата, а други гледаа низ ѕидот или пак пливаа.
Овие мигранти се дел од групата составена од 357 лица кои вчера со девет автобуси стигнаа во Тихуана. Меѓутоа, главнината на мигрантскиот караван од околу 5.000 лица од Хондурас, Гватемала и од Салвадор се на 2.400 километри јужно од Гвадалахара, Мексико и сосема е нејасно кога тие би стигнале до Тихуана. Друга група, пак, од околу 1.200 мигранти е сместена на стадион во Мексико Сити, а третата група од 2.000 лица се наоѓа во Вера Круз и се движи кон САД.
САД се подготвени да ги пречекаат мигрантите за чија цел поставија 26 влезни точки на кои се распоредени 16.500 гранични чувари.
Comments are closed for this post.