Како се наближуваат изборите претседателот Пендаровски како да ги губи конците. Прво вели дека не знае дали ќе се кандидира за втор мандат за потоа се фали дека би освоил 700.000 гласови ако водел националистичка реторика.
Не, претседателе од вас не се бара да водите националистичка реторика туку промакедонска.
А промакедонска е да се грижите за сопствениот народ и да наслушнете што тој говори. Во моментов огромно мнозинство на народот е против уставни и внесување на Бугарите под вакви уцени.
Дури и ако ги внесеме, тоа нема да биде ниту прво ниту последно барање на Бугарија. После ќе следува историјата, па јазикот, па… ќе нема крај.
Документот со кој Бугарите ќе мафтаат во во Брисел се вика француски предлог. Пендаровски вчера рече дека тој бил прв за францускиот предлог и дека тој не бил штетен за Македонија и не ја руши.
Пендаровски како да заборава дека ова е време на интернет и дека со еден клик може да се провери што говорел за овој, во суштина бугарски предлог.
На 16.6 2022 година тој изјави „значи ние во Скопје немаме видено таков предлог“, за еден месец подоцна гордо да каже „па јас ги работев сите тие документи“.
Се прашуваме кој ја говори вистината, дали Стево или Пендаровски.
Comments are closed for this post.