Кратко траеше радоста на власта по изјавата на претседателот на Европкиот совет Шарл Мишел дека во 2030 година може да има проширување со нови членки.
Од Европската комисија велат дека не сакаат сака да ја коментира изјавата на претседателот на Советот.
Портпаролката на Европската комисија Дана Спинант денеска рече дека не знае дали Мишел се консултирал со ЕК за говорот. Сепак, таа кажа дека проширувањето е политички приоритет за комисијата, но не сака да шпекулира со датуми.
„Секогаш велиме дека проширувањето е процес заснован на постигнувања, што значи дека кандидатите треба да влезат во Европската унија кога ќе бидат подготвени“, рече таа.
Овој став на Комисијата е речиси ист како на претседателот на Франција Емануел Макрон дека ЕУ прво треба да се реформира па да прима нови членки и оти можеби треба да се размислува за Унија во повеќе брзини.
Comments are closed for this post.