Убиените припадници на Шкаљарскиот и Кавачкиот клан завршуваат на исти гробишта, во которската населба Доброта.„Курир.рс“ направи репортажа од овие гробишта каде се погребани сите криминалци кои порани биле од еден ист клан, а потоа се разделиле.
Тука се роднините на Радоје Звицер, водачот на Шкаљарскиот клан Јовица Вукотиќ, неговиот татко и многу други.
За нас е интересно што на овие гробишта е вечното почивалиште на Игор Дедовиќ кој беше изрешетан во Атина во 2020 година со неговиот партнер Стеван Стаматовиќ за шверц на 300 килограми кокаин.
Дедовиќ и Стаматовиќ имаа македонски пасоши кои ги добија кога околу 200 светски криминалци добија наши патни исправи.
На гробот на Дедовиќ пишува „љубовта е посилна од смртта“ а има статуа на мал ангел.
Comments are closed for this post.