Бугарската фондација „Македонија“ ги повикува македонските граѓани масовно да вадат изводи од матичните книги во кои ќе се изјаснат како „Бугари“, по што, за само 250 денари ќе добијат бугарско државјанство.
-Според новиот закон можете да го обновите изводот на родените и на него пишува националност: бугарска. Сега проверуваме дали ова ќе ти даде можност сигурно да се добие бугарско државјанство, но ако на изводот ти пишува бугарско, дефинитивно треба да добиеш бугарско државјанство врз основа на бугарско потекло и самосвест. Масовно вадете изводи од С. Македонија, во кои е напишана националноста на Бугарин. Чини 250 денари, стои во објавата на Фондацијата на Фејсбук.
Оваа поволност доаѓа од измените во упатството за водење на матичните книги и документација според кои ќе има и графа за етничка припадност.
Comments are closed for this post.