Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќаизјави дека на Косово никогаш немало потешка или поголема криза.
„Не сме имале потешка и поголема криза во Косово. По оваа средба ќе имаме состанок на Советот за национална безбедност за Косово. И, се плашам, многу лоши работи, бидејќи знам со кого си имаме работа“, изјави Вучиќ.
Токму поради тоа, и се друго што се случи, повеќе од кога било потребно е единство, заедништво и обединување, рече Вучиќ.
Тој предупреди дека претстои тежок период за Косово, веројатно најтешкиот „Притиснати сме на ѕидот на лагите“. Ќе го чуваме мирот, ќе бараме мир. Ќе се борам секоја секунда мир да трае подолго, но велам дека првиот напад врз Србите на Косово и Метохија – Сбрија нема да седи со скрстени раце. Сакате да ги протерате Србите? Нема да ги избркате“, рече Вучиќ.
Претседателот имаше порака и за опозицијата дека нема да прифати техничка влада.
Преодна влада нема никогаш да добиете. Власт се добива на избори.
Comments are closed for this post.