Дел од планoт на Коста Кецмановиќ бил да фрли молотови коктели на влезот во училиштето за да ја спречи полицијата да влезе и да го спречи да ја работи работата за која дошол на училиште тоа утро, пишува “Република.рс“.
Сепак, најмалку се знае за тој дел од планот на момчето.Дали родителите тоа утро влегле во собата на момчето, со оглед на тоа што никој не знаел дека со себе носел молотови коктели и дека тој не се ни обидел да го скрие списокот со потенцијални жртви и картата на училиштето, туку ги оставил на биро, прашува српскиот медиум.
Се истражува како точно момчето успеало да набави или направи четири молотови коктели без никој да забележи што прави.
Не е исклучено момчето сам да ги направил молотовите коктели, со оглед на тоа што на интернет е многу лесно да се најдат информации за тоа што е молотов коктел, од кои компоненти се состои, како и да се видат детални упатства како да се направи таков бомба.
На детето не му било толку тешко да дојде до шишиња и ткаенина, но не се знае како 13-годишното момче ја фатило запалливата материја.
Имајќи предвид дека молотовиот коктел мора да биде во стаклено шише за да се скрши при фрлање и да се запали супстанцијата, не се знае од каде ги набавил момчето стаклените шишиња, со оглед на тоа што децата најчесто не ги користат, а дали ги земал од куќата, како, пак, никој не забележал дека ги нема или дека момчето ги чувало некаде.
Comments are closed for this post.