До 13-ти месецов на воениот полигон Криволак се одржува заедничката вежбата „Есенска бура“, во која учествуваат припадници на АРМ, МВР и институции од кризниот менаџмент.
Со вежбата се врши тестирање на борбената готовност на единиците, подготвеноста за експедициски мисии и кризен менаџмент.
На вежбата учествуваат баталјонот за специјални намени, ренџерскиот баталјон, единици од воздухопловната бригада, од баталјонот воена полиција и првата механизирана пешадиска бригада на АРМ. Од МВР учествуваат единицата за брзо распоредување, единицата за специјални задачи и хеликоптерската единица.
Припадниците на АРМ и МВР за прв пат се поддржани на ваква воена вежба и од Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување со цел унапредување на меѓусебната интероперативност и кризниот менаџмент како одговор на модерните закани.
Вежбата која започна на 08.11.208 ќе трае до 13.11.2018 година, а приказ од изведените активности ќе биде организиран на денот за високи гости кој ќе се реализира на 22.11.2018 година
Comments are closed for this post.